
Џастин Бибер ќе биде пресреќен ако овој пат ги преживее критиките на модната полиција, бидејќи ваков стајлинг до сега никој не си дозволил од ѕвездите со негов ранг.
Проблематичниот тинејџер имаше искуство со неколку непријатни ситуации како истрагата за лудо возење и напад на фотограф. Но носењето влечки и чорапи е поголемо злосторство од се што тој направил до сега:)
Тој беше забележан пред хотелот во Оклахома Сити облечен во необична комбинација како разговара со еден од своите телохранители. Во фебруари Џастин ја шокираше јавноста и британските фанови кои ги остави повеќе од два часа да го чекаат неговиот настап во Лондон.

