Иако не постојат прецизни податоци дека умерена количина на алкохол ќе му наштети на вашето бебе, секако за време на бременоста треба да избегнувате алкохолни пијалоци, бидејќи не постои дозволена граница за негово кознумирање.
Медицински е докажано дека големите количини на алкохол предизвикуваат, таканаречен фатален алкохолен синдром на детето кој може да предизвика ментално и физичко пореметување.
За време на бременоста кофеинот исто така многу долго се задржува во организмот. Поради тоа еден филџан кафе може да има силен и продолжен нездрав ефект. Доколку дневно пиете повеќе од три филџани кафе, а сте бремени, време е да преминете на безкофеинско кафе.