Викторија Бекам е една од најпознатите британки, која постојано е дел од најразлични класации, но тоа не ја прави да се чувствува поспецијална и тврди дека е сосема обична жена. Дизајнерката која е мајка на четири деца сподели дека не е фан на гламурозните забави и ужива во улогата на мајка и сопруга.
Госпоѓа Бекам додаде дека се радува поради решението на сопругот да се откаже од фудбалот, бидејќи така ќе има повеќе време за неа и семејството.
“Ние се гордееме со Дејвид и го подржуваме низ последните 15 години. Тој беше инспирација не само моја и на децата, туку на милиони луѓе ширум светот. Сега едноставно сме пресреќни од возможноста да поминуваме повеќе време со него“, беа зборовите на 39 годишната дизајнерка.