Апликација за љубоморни и за шпиуни: Следете го партнерот

popara26 август, 20131min00
aplikacija_23082013_sluzbenastranica

Бразилците, како и многу други луѓе ширум светот, беа шокирани кога дознаа дека и тие се цел на американските тајни служби. Но, додека еден начин на надзор шокира, друг начин е целосно прифатлив. Имено, апликацијата “Rastreador de Namorados” (љубовен тракер), кој се рекламираше како “приватен истражувач во џебот на партнерот”, стана огромен хит во Бразил. Тоа е апликација која ги следи движењата на вашиот партнер, добива копии од пораките на уредот, па дури и можете да ги преслушкувате телефонските разговори. Апликацијата е бесплатна, но со доплата од 2 долари, иконата нема да биде видлива на уредот на вашиот партнер.

aplikacija_23082013_sluzbenastranica

“Бразилците се љубоморен народ. Секако дека оваа апликација стана толку популарна”, изјави Марсиа Алмеида за новинарите, која го прекинала својот брак поради неверството на нејзиниот (екс-)сопруг.

Откако се појави на “Google Play”, апликацијата беше превземена над 50,000 пати, но “Google” ја отстрани апликацијата поради големиот број начини на кои може таа да се злоупотреби. Но, иако апликацијата не е достапна на “Google Play”, таа сеуште може да се превземе од официјалната страна, каде стои предупредување дека креаторите не се одговорни за користењето на апликацијата и дека таа треба да се користи само за забавни цели.

Креаторот на апликацијата, Матеус Гријо, изјави дека апликацијата е направена од шега со неговата девојка, но тој набрзо сфатил дека таа е хит.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag