
Шер неодамна се врати на музичката сцена и често нејзините појавувања во медиумите се поврзани со шокантни изјави. Овој пат зборува за својата колешка Мадона, за која, како што вели немала високо мислење.
Шер во своето последно интервју изјавила дека го цени она што Мадона го работи, покрај ниското мислење за неа како личност.
“Не, никогаш не ја мразев, но признавам дека ја сметав за кучка. Го ценам она што го работи, таа е исклучителен уметник“, изјавила 67 годишната Шер, но додава дека сепак не одобрува баш се што Мадона прави.
“Таа има умешност да го насети трендот пред сите, и секогаш има добри спотови. Освен оној за MDNA, што и да значи тоа, јас немам што да замерам“, изјавила пејачката.

