
Легнав, се обидов да не плачам, а потоа плачев и плачев, многу…Ова е само еден од коментарите на видеото во прилог…
Милиони луѓе заплакаа откако го прегладаа ова видео. Иако нема да разберете што зборуваат, ни пак ќе успеете да прочитате ни збор од напишаното на локален јазик – суштината е јасна и не се сомневаме дека ќе ве трогне ова кратко видео.
Направено е во Тајланд како реклама за една кампања. Приказната почнува пред 30 години кога еден трговец присуствува на сцена во која продавачката од апотека фаќа едно младо момче како краде – лекови за неговата мајка.
Трговецот ги плаќа лековите, и уште му дава врела супа од зеленчук…а сцената ја гледа неговата ќерка, тогаш мало девојче.
Многу години подоцна повторно го гледаме истиот трговец, но сега веќе како стар човек. Му доаѓа просјак кој бара храна, а овој не одбива…
Нешто подоцна трговецот ќе доживее мозочен удар. Сместен е во болница, а за да го лечат треба да плати голем износ. Неговата ќерка, сега веќе возрасна жена, ја гледа сметката и плаче. Знае дека нема шанси да ги собере парите…
А потоа, во следната сцена, ќерката повторно ја гледа истата сметка – таму, сега износот е нула. Ви текнува ли кој е докторот што го лечи нејзиниот татко…“Сметката е платена уште пред 30 години…со кутивче лекови и врела супа“ – пишува на новата сметка.
*Ние сме 100% убедени дека се во животот еден ден се враќа! Доброто со добро, злото со зло! Не мразете ги вашите непријатели, бидејќи Бог е жив и еден ден ќе дојде времето за израмнување на сметките!