Австралија: Авион летал 250 километри без пилот

popara30 мај, 20111min00
762579-plane

Авион со еден мотор од типот “тобаго“ од Центарот за обука на пилоти во Аделаида, Австралија, летал околу 250 километри, односно 55 минути без пилот, односно со онесвестен пилот зад управувачот.
Авионот ја напуштил зоната од Центарот за обука упатувајќи се кон воздушниот простор над отворено море, и да продолжел така уште 60 минути, би се срушил бидејќи би му снемало гориво.
За среќа, неименуваниот пилот кој бил на обука како стипендист на Обединетите Арапски Емирати, по еден час се освестил за да по целосната збунетост сфати каде се наоѓа и безбедно слета на аеродромот.
Според зборовите на Пајн Прејанр, директор на Центарот за обука во Аделаида, случајот бил крајно необичен и порано не било забележано нешто такво, а пилотот чија кариера се завршила со овој настан, имал многу среќа што останал жив.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag