Чарли Шин и го честитал роденденот на бившата со бомба кашикара!
7 ноември, 20130
Среќен роденден Брук…Пробај да ја дувнеш оваа свеќичка, напишал проблематичниот Чарли Шин во пораката за својата бивша сопруга Брук Мјулер, а покрај честитката додал и фотографија од бомба кашикара поставена на парче торта.
Чарли и Брук имаат две деца и во моментов се судат околу старателството врз децата. Брук која неодамна го напушти центарот за рехабилитација каде се одвикнуваше од дрога, изјавила дека се плаши за својата безбедност и дека се сомнева во тоа дека бившиот би можел да и подметне дрога со цел да го добие старателството.
Неодамна Чарли на неговиот Твитер профил по повод судскиот спор напишал: “Добар обид Брук! Ти си една дебела и забегана жена која ќе го изгуби секој обид да се испречи помеѓу мене и моите синови!“