
Ти и само ти си одговорен за својот успех или неуспех
Најдобриот дел од твојот живот ќе почне кога ќе сватиш дека самиот си одговорен за себе – кога ќе сватиш дека нема на кого да се потпреш, надеваш или кого да обвиниш. Ти имаш целосна контрола над својот живот.
Не мора да измислиш нов изум!
Многу луѓе успеале во работи кои веќе биле измислени. Потребно е само да пристапиш на свој и уникатен начин, како никој друг претходно. Секој од нас има уникатен начин за продажба, дистрибуција, промоција…
Нема напредок без акција
Она што не сте го почнале денес, никогаш не е готово утре. Запаметете, без акција неуспехот е секогаш 100%.
Упорнаста на крај се исплатува
Според зборовите на Черчил: “Успехот е да се движиш од пораз во пораз, без да го изгубиш ентузијазмот!“
Фокусот е се!
Ако никогаш целосно не се посветиме на нешто, никогаш нема да бидеш 100% ефикасен во тоа што го правиш.
Неуспехот е потребен…
Ако денес не успеало она за што си се надевал, утре е нов ден, нова шанса каде можеш да се обидеш поинаку. Интерпретирајте го секој неуспех како лекција која води до успех.
Позитивна енергија
Успехот доаѓа со позитивна енергија. Можеш да избереш дали да се слееш во негативизмот наоколу или да пробаш да бидеш поинаков.
Мора да веруваш дека ти можеш
Мора да најдеш место во себе каде се е возможно. Почнете со соништата. Соништата стануваат реалност со вера, позитивна енергија, упорност, акција и време.
Помогнете
Успешните луѓе константно наоѓаат начини како да им помогнат на останатите. Имај на ум дека твојот долгорочен успех е поврзан со тоа колку и помагаш на заедницата.
Успехот е патување со безброј мали чекори
Успехот е константен процес на растење. Ако сакаш да бидеш успешен, постојано мора да тежнееш за подобар стандард за себе си и за другите.