Најубавата жена на светот е ТВ водителка, а еден од членовите на жирито, кој одлучувал за победата е и славниот рокер на групата Аеросмит, Стивен Тајлер.
На надпреварот за најубава жена во универзумот, кој се одржа во Москва победи 25 годишната венецуелка и водителка Габриела Ислер.
Дијамантската круна Габриела ја прими од ланската победничка, американката Оливија Кулпо. Кулпо претходно се појави на писта носејќи бел костим украсен со дијаманти, рубини и смарагди, за кој организаторите изјавиле дека чини милион долари.