Спектакуларниот портокалов дијамант од 14,82 карати е продаден на аукција во еден луксузен женевски хотел за рекордни 31,5 милиони долари или 23 милиони евра.
Во цената не се пресметани уште 4,4 милиони долари кои ќе бидат платени за разни даноци и провизии.
Купувачот чиј идентитет не е откриен, веднаш после аукцијата во вторникот го напуштил хотелот испратен со аплауз.
Дијамантот е пронајден во Јужна Африка и ја добил највисоката оценка за обоени дијаманти од страна на Американскиот гемолошки институт.
Досега портокаловите дијаманти продадени на аукција никогаш немале повеќе од 6 карати.
Најавено е дека во истата аукциска куќа денес е понуден розе дијамант кои има 59.60 карати и чија почетна цена изнесува 60 милиони долари.