
Сони по се изгледа направија голем бум со лансирањето на 4-та генерација на познатата конзола. Инаку, оваа конзола која беше пуштена претходната недела за само еден ден успеале да продадат повеќе од 1 милион конзоли, а тука не се вбројуваат оние кои од претходно ги имаат нарачано.
Како што изгледа продажбата одела како подмачкана, но некои од купувачите биле исфрустрирани и нервозни од некои од конзолите кои имале проблеми, односно, не работеле како што треба. Во секој случај, тие купувачи ги вратиле своите купени конзоли и им биле заменети со нови.
