
Шведска – Непознати сторители фрлиле свински нозе во џамија недалеку од Стокхолм и во таа прилика го скршиле стаклото од влезната врата.
“Околу 11 часот не повика особа која тукушто влегла во џамијата и ги затекнала свинските нозе среде џамија“, изјавил инспекторот Улф Линдгрен.
Според неговите зборови полицијата овој чин го опишала како чин на вандализам. Осомничени нема, а во тек е потрагата за потенцијални сведоци.
Во исламот свинското месо се смета за нечисто и со ова дело џамијата е осквернавена.
