
Забранетиот град или забранетиот дворец, кој се наоѓа точно во центарот на стариот град Пекинг бил царски дворец за време на династиите Минг и Чинг.
Денес е познат како музеј-дворец и важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот.
Прогласен е за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987-та година, како Царски дворец на династиите Минг и Чинг.
Дворецот поточно се наоѓа северно во непосредна близина на Тјенанменскиот плоштад и во него може да се влезе преку Тјенанменската порта.
Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на Народна Република Кина.
Музејот сега е една од најголемите туристички атракции во светот. 






