Jeep Grand Cherokee

popara21 ноември, 201318min00
5

За Grand Cherokee 2015 година ќе биде најуспешна, со оглед на тоа што го нудат, дефинитивно ќе биде најбараното спортско SUV штом ќе се појави на пазарот.

Како и да е, нема точна дата кога би требало да се појави, но се очекува премиерата да биде во текот на следната година. Ќе има голема промена во надворешниот дизајн, како поелегантно дизајнирани светла, модерна и футуристичка линија, но  ќе задржи дел од линијата на својот претходник. За внатрешноста, се очекува голем комфорт со врвен квалитет.

Контролната табла ќе има неколку нови високо технолошки елементи, како Пандора, Блутут, екран на допир со целосен систем за звук и телефонија и др. Што се однесува до моќноста, на пазарот ќе се појави нов 3.0 литарски V6 турбо-дизел мотор кој ќе генерира 240 коњски сили со 8 степенски автоматски менувач. Исто така ќе има и бензински мотор, 2.4 литарски Tiger Shark кој ќе може да произведе 300 коњски сили. Се шпекулира дури и за трет мотор,многу појак од овие два, 6.4 литарски V8 HEMI кој ќе генерира 470 коњски сили, кој за првпат би се појавил со 9 степеничен менувач.

 Со комплетен пообрен стил, ова познато SUV ќе биде лидер во тој сегмент.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ESvNXrkkzPE