
Исто како Сони, Мајкрософт се пофалија дека првиот ден на продажба на нивната најнова конзола Xbox One имале над 1 милион конзоли продадени.
Новиот Xbox започна да се продава вчера во 13 земји, за разлика од PlayStation 4 кој почна да се продава пред една недела само во Северна Америка. Исто така од Мајкрософт објаснија дека ова е и најголемото лансирање на Xbox во историјата откако постои компанијата со исто така нов рекорд во продадени конзоли за само 1 ден. Софтверскиот гигант истакнува дека Xbox кај поголемите трговци веќе бил распродаден и дека сега работат на дополнување на резервите.