Војна помеѓу нарко-картелите: Во Мексико пронајдени 42 тела и 22 масовни гробници

popara27 ноември, 201318min00
4

Бројот на телата пронајдени во 22те масовни гробници во западниот дел на Мексико каде нарко-картелите се борат за превласт зголемен е на 42, откако 5 тела се откриени за време на викендот.

На некои од телата се видливи траги од измачување, а најдени се во 22 гробници во Ла Барка – на границата помеѓу Мичоакан и Халиско.

Истражувањето на оваа локација започнало откако 22-ца полицајци признале дека работеле за нарко-картелите.

Истрагата започнала како дел од потрагата за двајца исчезнати федерални агенти. Истражните органи уапсиле 22 локални полицајци од кои некои признале дека федералните агенти и уште неколку лица ги испорачале на картелот “Нова генерација“.

Foto: AP/Tanjug

Foto: AP/Tanjug