Обама следи порно профили на Твитер?

popara27 ноември, 201317min00
5

Претседателот на САД Барак Обама има активен профил на Твитер кој го следат 40 милиони корисници. Не е ни чудно што бројот на профилите кои тој ги следи се повеќе од 650 000.

Она што го привлекло медиумското влијание е фактот дека кога ќе се посети профилот на “Валкани фотографии“ на компанијата која освоила награда за производство на играчки за возрасни, меѓу корисниците кои го следат профилот може да се види и профилот на барак Обама.

Меѓутоа може да се претпостави дека својот профил не го уредува претседателот лично, туку неговиот тим. Очигледно е дека се работи за добар маркетинг потег бидејќи Обама на минатогодишните избори беше подржан од над 70% од порно индустријата.