
Хомосексуалците благодарение на геј радарот се препознаваат еден со друг, тврдат холандски научници.
Всушност се работи за шесто сетило кое кај хомосексуалците е многу поизразено бидејќи посветуваат многу повеќе внимание на ситните детали.
Научниците направиле експеримент во кој учествувале хомо и хетеросексуалци. Испитаниците набљудувале фотографии на кои биле прикажани големи квадрати во кои се наоѓале многу помали геометриски форми. Хетеросексуалците при описот на илустрацијата многу повеќе грешеле бидејќи не ги забележувале поситните детали, додека на хомосексуалците им било потребно повеќе време но прецизно и точно одговориле.
Научниците тврдат дека ова е доказ за присуство на шесто сетило, односно геј радар кој им помага побрзо да ги забележат и најситните детали кои би можеле да им помогнат во откривање на сексуалната ориентација на другите луѓе.