Миранда Кер во тајна врска со милиардер!

popara2 декември, 201317min00
20

Очигледно дека славната манекенка одлучила да започне ново поглавје во својот живот па така се зборува дека таа излегува со австралискиот милиардер Џејмс Паркер.

Според изворот, 46 годишниот Паркер се разведол од својата сопруга во септември, а со Миранда тајно се гледа од неодамна.

Овој австралијанец поседува ланец казина вреден 7,7 милиарди долари, а манекенката ја познава со години па сега го користи тоа што таа е слободна, после раскинувањето со Орландо Блум. Славната манекенка медиумите во последно време ја поврзуваа и со Леонардо ди Каприо.