За да ја задржите убавината и младоста на лицето и по триесетите години, послушајте ги следниве совети.
Во триесетите години жената мора да обрнува повеќе внимание на нега на лицето и целото тело, со оглед на тоа што кожата во тие години потешко се обновува и почнува полесно да се распукува. На секоја жена и е важна нејзината убавина и одржувањето на младешкиот изглед што е можно подолго, затоа за да постигнете позитивни резултати, превземете ги работите во свои раце и негувајте се на правилен начин.
За чувствителна кожа користете креми без алкохол, а за масна, гел-креми
По чистење, на кожата и треба хидратантна крема која ќе ја обнови. Најдобар избор се кремите врз база на хијалуронска киселина кои спречуваат сушење на кожата.
За сува кожа најдобра е хидратантната крема богата со антиоксиданси кои ја врзуваат водата и делуваат против воспаленија. За масната кожа најсоодветни се гел-кремите без масло, додека за осетлива кожа најдобра е крема богата со масла, но без алкохол и парфеми кои ја иритираат кожата.
Бидете мудри во изборот на крема против брчки
Колагенот е неопходен за кожата да остане убава и затегната, но по 25. година неговото присуство се намалува. Кремите најчесто содржат состојки кои го стимулираат неговото производство, меѓутоа, проблемот е во тоа што молекулите се толку големи што не можат да продрат во подлабоките слоеви на кожата и да ги измазнат брчките. Затоа, подобро е да користите производи врз база на Л-Аскорбинска киселина, најчиста верзија на витамин Ц, која продира во кожата и ја измазнува.
Заштитете се од сонцето и во зима
Сонцето стимулира производство на меланин, кој предизвикува неизедначен тен и дамки на кожата, и на тој начин го забрзува процесот на стареење. Од сонцето треба да се штитиме и во ладните месеци затоа што сончевите зраци се рефлектираат од снегот и влијаат на кожата. Освен шминка со заштитен фактор, суштински дел од негата на кожата е и крем со заштитен фактор 30.
Хијалуронската киселина е сојузник за убава кожа околу очите
Кожата околу очите е тенка и исклучително осетлива на надворешни влијанија, па затоа лесно распукува. Не смеете да ја оптеретувате со тешки и масни креми, бидејќи ќе почне да виси. Подобар избор се ацетилхексапептид 3 и хијалуронска киселина кои ја хидрираат и затегаат кожата и спречуваат дополнително распукување.