Посластици по нозете: Чевли кои ќе сакате да ги изедете (фото)

5 декември, 20130
Camilla

Сите жени кои се љубители на слатки, колачи и чоколади ќе се одушеват од колекцијата на младата дизајнерка Камила Елфик, која се инспирирала баш од најслатките посластици.

Овие чевли се толку слатки, што ќе посакате да ги изедете. Младата дизајнерка Камила Елфик направи потпетици кои се целосно инспирирани од слатките, па во нејзината колекција може да се најдат модели на кои се насликани крофни, колачи, бонбои и други посластици.

Mеѓутоа, моделот кој целосно ги воодушеви сите обожавателки на Камила, се високите потпетици инспирирани од познатите Пез бонбони, кои одбележаа добар дел од нашата младост.

Овие преслаткии штиклички се наменети за жени кои сакаат да сонуваат, кои не ја симнуваат насмевката од своето лице и кои на животот гледаат низ розови очила.

Дали би ги носеле и вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *