iPad 2 следната генарација на таблетс компјутери од Apple, веројатно ќе биде подготвен за влез на пазарите од февруари наредната година или април, а кога ќе го добиеме ќе можеме да се гледаме од двете страни бидејќи ќе има две камери на предната и задната страна. Изворите кои ги снабдуваат камерите за Apple ipad и iphone, изјавиле дека нарачките што ги добиваат од компанијата наговестуваат дека следната генерација уреди ќе има по две камери напред и назад, кои ќе дозволуваат и нормална дигитална фотографија, воспоставување на Facetime повици, видео конференциски апликации и слично.