Осамена: Жена повикала полиција 15 000 пати без причина
6 декември, 20130
Јапонската полиција 60 пати реагирала на повиците на една жена, а кога им дошло преку глава ја привеле и утврдиле дека таа за 6 месеци 15 000 пати повикала полиција без потреба.
Полицијата најпрво се обиделе да ја наговорат Томоми Монмае (44) да престане да телефонира, но кога не успеале, морале да ја приведат на информативен разговор.
“За само еден ден се случувало да повика полиција 927 пати. Не се ни трудела да измисли некаква приказна, туку само раскажувала се што ќе и дојде на памет“ – изјавил потпаролот на полицијата.
“Се прашувам дали можеби оваа жена е многу осамена“ – рекол потпаролот, додавајќи дека веројатно страда од психички болести.