
Жените кои се незадоволни во врска или брак, освежување бараат во друг маж. Неверството никогаш не се случува без причина, без разлика дали го прави мажот или жената. Меѓутоа дамите изневеруваат исклучиво ако се незадоволни од мажите и нивното однесување, како во кревет, така и надвор од него. Токму затоа утеха бараат во фраери кои ќе знаат како да им ја разбудат страста.
Во оваа студија каде учествувале над 4000 жени се откриваат неколку основни причини за женското неверство. На прво место се наоѓа неџентлменското и нарцисоидното однесување на мажот, а потоа недоволен и неквалитетен секс.
Поголемиот дел од жените признале дека не би изневереле ако партнерот го смени начинот на однесување, а 80% од нив изјавиле дека повеќе експериментираат во сексот со љубовниците, отколку со својот сопруг или партнер.
Жените исто така ја губат сексуалната желба кога мажите исклучиво водат сметка за себе си и своите потреби во кревет, наместо да посветат малку поголемо внимание на она што нив ги задоволува.
Безобразните и перверзни фрази за време на секс се дел од оние работи што жените не ги сакаат. На жените воопшто не им е интересно кога мора да се преправаат како да глумат во порно филм.
Уште една важна причина за женското неверство е прескокнување на предиграта и недостаток на креативност во кревет. Било како било, се се сведува на секс. Жената мора да биде среќна во кревет, за да не изневерува. Просто како грав.
