
Четворица пијани момчиња загинале во тешка сообраќајна несреќа на пат кон дискотека. Групата се качиле во автомобилот на еден од нив.
На излегување, бабата на момчето им рекла: “Ех деца, одете и Господ нека биде со вас“. Младите момчиња почнале да се шегуваат и и одговориле: “За жал бабо, нема место во колата за него, но што инсистираш ќе го ставиме во багажникот“.
Неколку минути подоцна со голема брзина се удриле во страничната ограда на патот и загинале четворицата на лице место. Кога блиските и полицијата го отвориле багажникот и кога погледнале внатре, биле шокирани. Во багажникот на смачканата кола имало табла јајца и…ни едно јајце не било скршено.
Приказна или вистински настан не е јасно, но не е ни толку важно, факт е дека текстот е многу поучен и сите треба да го запаметиме.