Дали знаете која е најбогатата, а која најсиромашна држава во ЕУ?
13 декември, 20130
Луксембург сеуште е најбогатата држава во Европската унија, а Бугарија, и покрај напредокот во последно време, сепак останува најсиромашна, соопштува Евростат.
Зад Луксембурб следи Австрија, третопласирана е Ирска, следуваат Холандија, Шведска, Данска, Германија и Белгија.
Португалија, Грција, Литванија и Естонија се со 20 до 30% под европскиот стандард. Хрватска се наоѓа во групата со Полска, Романија и Летонија со 38% позизок стандард.