Тадиќ ја негира местенката, Младиќ неколку дена ќе биде во изолација во Хаг

popara1 јуни, 20111min00
mladic-01

По пристигнувањето на Ратко Младиќ во притворната единица Шевенинген во Хаг, во вторникот во 19:30 часот му е предадено обвинението, потврдила гласноговорничката на Хашкиот суд, Нерма Јелачиќ.

Тој ќе биде сместен во ќелија, првите неколку дена ќе биде во изолација, а потоа ќе биде сместен во едно од трите крила на притворните единици, изјавила Јелачиќ.

Најавено е дека медицинскиот персонал ќе направи целосен медицински преглед на оптужениот, па потоа неговото здравствено досие ќе биде пратено во континуитет.

Тадиќ ги негира обвинувањата дека некој го штител Младиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ најавил истрага за да се дознае  кој го штител Младиќ сите овие години. Јас во последно време слушам секакви оптужби од земјава и од странство дека некој го криел Младиќ, а мислам дека тоа е нелогично и нема никаква смисла. Тоа го кажувам со цел мој морал, материјална и казнена одговорност, изјавил Тадиќ.

Според неговите зборови Србија во последните години била земја на столбот на срамот. Многу влади во последниве 16 години беа оптужувани дека само вербално соработуваат со Хашкиот суд. Нема логика дека го криевме Младиќ. Ако ние го криевме и сега го предадевме, ќе беше пологично да го сториме тоа додека беше Хилари Клинтон во наша посета, која има недвосмислено влијание во меѓународните односи, изјавил Тадиќ.

http://www.youtube.com/watch?v=Oj6c7yQLfQ4&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma