Треба ли да се произведува дебела Барби? Вака би изгледала!
Во категоријата “plus size“ модели често можете да најдете и девојки кои никогаш не би ги нарекле “полнички“, но станува збор за популарни модели кои рекламираат облека за растечкиот пазар и при тоа им служат како пример на жените кои внесуваат нешто поинакво во светот на модата каде владеат исклучиво слабите манекенки.
Токму затоа уредниците на страницата Plus-Size-Modelling.com на своите читатели им го поставиле прашањето: Дали треба да имаме и “полнички“ Барбики?
Оваа фотографија има над 35 000 лајкови, но сепак, поголемиот дел од читателите сметаат дека дебелата Барби испраќа лоша порака, исто како и слабата Барби.
“Ако ги критикуваме слабите модели, би требало да го земеме во предвид и фактот дека и оваа Барби негативно влијае на младите девојки“, изјавил Николај Лам кој неодамна ја создаде куклата Барби со “просечен“ изглед.