Во Скопје пристигнаа уште шест новопроизведени нископодни автобуси кои се очекува да бидат пуштени во сообраќај за 10 дена.
“Согласно Договорот помеѓу Министерството за транспорт и врски и “Лвивски автобусни заводи“ од Украина, пристигнати се уште шест новопроизведени нископодни автобуси и истите се очекува да бидат пуштени во сообраќај за 10 дена“, стои во соопштението на Јавното сообраќајно претпријатие.
Во изминатите месеци во сообраќај беа пуштени 32 нископодни автобуси, а вкупната бројка за набавка на нископодни автобуси е 80, додека за двокатни 202.
Извор: Нетпрес