
Секое второ бебе кое ќе се роди после први јануари 2014 година ќе ја доживее стотата година, тврдат аналитичарите на осигурителните компании “Алијанс“ врз основа на статистичките пресметки.
Овие деца, кога ќе бидат во зрела возраст или околу 2037-та година, ги очекуваат оптимални предуслови. Поради намалувањето на наталитетот во индустриските земји ќе владее недостаток на стручна работна сила. Добро образованите луѓе родени во 2014 година ќе можат според пресметките на “Алијанс“ширум светот да избираат работно место какво што ќе посакаат. Веќе во 2050 година бројот на стогодишниците ќе се дуплира.