Американската полиција уапси 26 годишен дечко кој на необичен начин одлучил да ја изрази својата лутина и фрустрација. Рендон Риз од Аризона прво испил голема количина на алкохол, па потоа решил своето незадоволство да го изрази јавно. Седнал во автомобилот и возел до аеродромот и успеал некако да влезе во просторот за авиони.
Пијаниот Рендон испразнил два шаржера од двата пиштоли, а кога ја забележал полицијата почнал да бега. Сепак полицијата успеала да го фати и да го уапси.