
Иако докторите ја советуваа да мирува наредните три недели, греманската канцеларка Ангела Меркел која ја повреди својата карлица на скијање во Швајцарија одлучи да работи од дома.

Портпаролот на Меркел Стефан Сајберт во понеделникот изјави дека германската канцеларка прво мислела дека се работи само за модрица на карлицата која ја добила додека скијала. Подоцна докторите утврдиле дека сепак се работи за полесна пукнатина. Меркел ги откажа најавените посети во Варшава и Берлин, но продолжи да се занимава со својата работа од својот дом. Сајберт изјави дека Меркел се повредила „при мала брзина, но не знаеше да каже дали при повредувањето со неа бил и некој друг.