Во новата книга на Џон Ризо откриени се со години чуваните тајни на американската шпиунска агенција, а посебно е интересна соработката на ЦИА со холивудските ѕвезди.
„Глумецот одби да земе било какви пари, но ни кажа дека сака да му најдеме количина од најдобриот кокаин во вредност од 50 000 долари. Изгледа мислеше дека ЦИА може да дојде до врвен кокаин” пишува Ризо и додава дека ја одбил понудата од глумецот. Другиот агент не сакаше да се откаже. „Знам како да ја најдеме робата рече другиот агент.Несакав да знам како па го повторив мојот одговор: Никако, заборави!” пишува Ризо.
Ризо подоцна дознал дека глумецот соработувал со ЦИА на еден проект, а го убедиле и дека тоа го правел без надомест. Инаку тој во книгата признава дека ЦИА негувала посебен однос со шоубизнис индустријата и дека имала посебен однос со холивудските продуценти, режисери и филмски ѕвезди.
Ветераните на филмската индустрија и помагаат на ЦИА на сите начини тврди Ризо и тоа од две причини од искрен патриотизам, но и поради возбудата која ја носи таа соработка.
Од друга страна нивната моќ и меѓународна популарност беа од голема важностза американската администрација. Можеа на тој начин да дојдат до многу луѓе и локации во странство. Државниците сакаат да се дружат со филмски ѕвезди. Објасни Ризо.