Американскиот претседател Барак Обама го именувал рокерот Џон Бон Џови за член на советот за локални прашања чија задача била мобилизација на граѓанското општество за остварување на државни цели, пренесуваат светските агенции. Бон Џови бил еден од дваесет и петте членови на советот со обврска “да се мобилизираат влијателни личности од приватниот сектор поради остварување на клучни политички цели”, соопштиле од Белата куќа. Рокерот е пејач на американскиот бенд “Џон Бон Џови” кој од 1983 година до денес има продадено повеќе од 100 милиони музички албуми, а во рамките на неговата хуманитарна дејност има основано фондација за изградба на куќи за бездомници.
Извор: Нетпрес