Сокот од компири содржи голема количина ензими, како и редица важни минерали како магнезиум, калиум и фосфор. Освен тоа содржи витамин Ц, витамини од Б групата и нишесте, а сите тие заедно ја смируваат лигавицата на цревата и желудникот.
Треба да пиете по една чаша свежо цеден сок од компири наутро, на празен стомак. Откако ќе го испиете сокот треба да лежите во кревет 30 минути, а после тоа да појадувате. Процедурата трае 10 дена, а потоа се прави пауза од 10 дена. После паузата повторно следуваат 10 дена во кои ќе го конзумирате сокот од компири. Ова ќе ви помогне да го подобрите варењето на храната, ќе се решите од стомачните киселини и болките предизвикани од чир.