Ауди ја претстави прославената серија на моделот А1 под името clubsport quattro. Во прашање е моделот со кој ќе се одбележи 30-тиот роденден на австрискиот Wörthersee фестивал каде се собираат сите обожаватели на Фолксваген, Ауди и Шкода и Сеат.
Моделот има претрпено многу измени и модификации на турбо-бензискиот 2,5-литарски 5 цилиндричен мотор. Неговата сила изнесува 500 КС и максимален вртежен момент од 660 Nm, А1 clubsport quattro ќе има 6-степен мануелен менувач и модифицирана верзија на TT-РС Haldex-овиот погон на сите четири тркала, и тежина на автомобилот од 1390 kg.
Ауди А1 clubsport quattro според фабричките податоци би требало да има забрзување до 100 km / h за само 3,7 секунди, а максимална ограничена брзина би била 250 km / h.
Овој изглед би можел да наликува и на новиот S1 кој веќе е најавен.