
Минатата седмица кинезите ја дочекаа Новата година, која според нивниот календар е “Годината на коњот“, но честитката на британската телевизија Би Би Си поради техничка грешка изгледала вака: Добродојдовте во годината на курвите!
Во англискиот јазик коњ се пишува horse, а множина за курва е whores, така да несреќниот техничар не само што згрешил, туку и додал буква. Грешката први ја забележале гледачите и многумина веднаш фотографијата ја поставиле на социјалните мрежи.
