
Некои омекнувачи за алишта предизвикуваат алергиски реакции поради присуството на штетни хемикалии. Ако сакате облеката и постелнината да ви биде мека и нежна, без да користите скапи омекнувачи, би можеле да си направите домашен омекнувач кој се користи исто како и синтетичкиот.
За целта ќе ви бидат потребни ½ литар вода со една кафена лажичка оцет и 250 грама сода бикарбона. Откако содата ќе ја растворите во течноста додадете 5 капки етерично масло од здравец и 5 капки етерично масло од лаванда или некое друго масло по желба.
Измешајте добро, па префрлете ја течноста во старо шише од омекнувач. Пред да почнете со перење додадете 60 мл омекнувач во преградата на машината како и обично. Ќе почувствувате дека алиштата после перење мирисаат убаво и се меки на допир.