На интернет има опасен вирус кој никој неможе да го запре

popara14 февруари, 20141min00
CaretoVirus-830x553

Како интернетот се повеќе напредува и станува се посложен, така напредуваат и вирусите кои се појавуваат на него.

Овие денови е пронајден најсложениот и најопасниот вирус до сега виден по името Careto, кој ќе го компромитира вашиот компјутер како би собрал се повеќе информации, како што соопштиле од Kaspersky.

Вирусот се проширува преку маилови кои на прв поглед делуваат како легитимни, односно нешто како британскиот The Guardian или Washington Post. Во нив се наоѓа линк на сомнителни сајтови кои ќе го скенира вашиот компјутер и ќе се обиде да го инфицира.

Foto: Wallpaper

Кога Careto ќе го зарази вашиот компјутер тој ќе почне да ги собира сите ваши лозинки, го прати прометот на вашата мрежа, разговорите на Скајп и секоја задача која ја работите во моментот на него.

Foto: freedigitalphotos.net/watcharakun

Зачудувачки е што никој не знае од каде потекнува Careto, а се претпоставува дека вака сложен софтвер може да се направи само во некоја државна агенција.