Управата на Милан подготвила 11 милиони фунти за напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба, пренесува “Дејли Стар”.
За иднината на Дрогба веќе неколку месеци се шпекулира низ медиумите. Се говори за кам бек во Марсеј, повторно соединување со Жозе Мурињо во Реал, а како најнова опција се појави Милан.
Потпретседателот Адријано Галијани бил на состанок со сопственикот Силвио Берлускони на кој трансферот на Дрогба во Милан бил договорен како приоритет број еден за претстојниот трансфер период.