
Ова е нејзин прв натпреварувач кој испаѓа дури после 6 емисии. Покрај тоа што секако мораше да излезе некој од нејзината група, бидејќи во дуел беа Харис и Лукијан, и покрај тоа што публиката одлучи со своите гласови, таа сепак смета дека е неправедно исфрлен.
„Харис покажа дека е сериозен пејач. Ги засрами оние кои се сомневаа во него. Неправдата е дел од секое натпреварување. Животот и кариерата се пред него! Само храбро, а јас секогаш ќе бидам со него”, напиша Емина на својот Твитер профил.
Позната по своите емотивни реакции, повторно не можеше да ги задржи солзите додека Харис ја пееше песната за спас.
