Вознемирувачко видео: Британската војска вежба стрелање на живи животни!

popara24 февруари, 201417min00
Вознемирувачко видео: Британската војска вежба стрелање на живи животни!

Припадниците на британската војска вежбаат стрелање на живи свињи кои се врзани на ѕид, додека во нив регрутите пукаат и симулираат воена зона.

Свињите генетски се многу слични со луѓето па од таа причина токму овие животни се користат за вакви тренинзи. Фотографиите ги објавила ПЕТА и на нив може да се види дека војниците пукаат во животните со пиштоли 9мм и пушки АК-47.

На стомакот на свињите им цртаат мета, а војниците водат сметка да погодат во точно одреденото место со цел да не ги убијат, туку само да ги ранат. Потоа војниците тренираат како да го спречат крварењето на застреланите претходно свињи се додека не стигне тимот хирурзи. Меѓутоа ако операцијата не успее, свињите ги убиваат.

Предупредување: Видеото содржи вознемирувачка содржина!

httpv://www.youtube.com/watch?v=haEX-xTdpjs