
Како функционира животот на жените? Ако си паметна, убава и амбициозна – другите жени те мразат.
Мажите се плашат од тебе, а мрзливите мислат дека ќе им го земеш работното место.
- Ако имаш пари – или си спонзоруша или швалерка.
- Ако заработуваш сама – глупава си.
- Ако трошиш многу – најверојатно си расипничка.
- Ако имаш свое мислење си кучка.
- Ако ќутиш – мутава си.
- Ако се дотеруваш – имаш друг.
- Ако не се дотеруваш, ќе те замени со друга која се дотерува.
- Ако имаш машки пријатели – сигурно ти се љубовници.
- Ако си немажена – нешто ти фали.
- Ако имаш кариера – зошто не си мажена?
- Кога ќе се омажиш, кога ќе раѓаш?
- Кога ќе родиш – кога ќе родиш второ дете?
- Кога ќе родиш две деца – па ти ништо не работиш? Зарем не си имала некаква кариера?