Се закопал жив, верувал дека тоа ќе му донесе среќа

popara3 јуни, 20111min00
buried-alive

35 годишниот руски државјанин се закопал жив во земја со помош на еден пријател, во импровизиран ковчег, со надеж дкеа тоа ќе му донесе среќа, но за жал умрел.

Мажот во својот двор ископал дупка, ставил во неа импровизиран ковчег и влегол во него, а потоа  го натерал пријателот да му го поклопи ковчегот, и да го потрупа со земја.

Тој со него понел шише со вода и мобилен телефон, од каде му се јавил на пријателот и го известил дека бил добро. Потоа, неговиот пријател заминал. Меѓутоа, кога се вратил следното утро, открил дека неговиот закопан пријател е мртов.

Полицијата претпоставува дека дождот кој паѓал во текот на ноќта, го затворил протокот на воздух до ковчегот, кој бил 20 сантиметри под земјата.

„BBC“, ја пренесе целата вест, напишале дека овој човек прочитал на интернет дека закопувањето во земја носи среќа и дека овој бизарен тренд станува се попопуларен во Русија.

Сличен ваков настан се има случено минатата година во друга руска провинција, каде еден маж го закопал својот пријател, но само по два часа бил пронајден мртов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag