
Компанијата Mitsubishi во 1890 година го купила островот за да направи објект за ископување на резерви со подморски јаглен. До 1916 година биле изградени сиви станбени објекти со балкони и клаустрофобичен поглед кон дворот, а до 1959 година во нив се населиле повеќе од 5.000 рудари со своите семејства.
Со тоа, островот, со големина на 12 фудбалски терени станал едно од најнаселените подрачја на Земјата. Со вода и храна жителите се снабдувале од копно, а за нивните секојдневни потреби имало училишта, игралишта, кина, болница, продавници па дури и бордели.
Немало мотори, автомобили ниту лифтови. Во 60-тите години Јапонија од јаглен преминала на нафта, така што рудниците ширум земјата почнале да се затвораат.
Во 1974 година Mitsubishi одржале церемонија за затворање на рударскиот објект, а во рок од два месеци рударите засекогаш го напуштиле островот.




