Изборен молк – гласаат иселениците, раселените, болните и затворениците

popara4 јуни, 20111min00
glasanje dete

На полноќ заврши предизборната кампања и почна 24-часовниот молк пред утрешните предвремени парламентарни избори.
Околу 11.000 немоќни и болните лица кои не се во можност да гласаат на избирачките места во недела, ќе гласаат денеска ден пред изборите.

Во рок од 24 часа пред денот на одржување на изборите забрането е водење политичка кампања во која било форма. Предизборниот молк трае се’ до завршувањето на гласањето или затварањето на гласачките места.

Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.

Гласањето ќе почне утре во седум часот а право да гласаат имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да гласаат се до 19 часот.

За прв пат во Македонија ќе гласа и дијаспората еден ден порано, односно денеска, во трите изборни единици во странство – во Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Изборите во недела ќе ги следат 7.830 набљудувачи од ДИК, 234 од ОБСЕ/ОДИХР, од Парламентарното Собрание на ОБСЕ 47, од Амбасадата на САД 39, делегацијата на ЕК 20 и 16 од Советот на Европа а набљудувачи ќе има и од амбасадите на Франција, Словенија, Велика Британија, Русија, Чешка, Австрија, Турција, Кина, Унгарија, Хрватска, Италија и на Словачка во Скопје.

Набљудувачи ќе има и од МОСТ 4.466 како и од други невладини организации.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag