Во Турција забрането користење Youtube! Пристапот е блокиран!

popara27 март, 20141min00
e5285bdd-e755-4347-90ae-5558ee42171d

На официјалната интернет страница на управата, во разделот за проверка на статусот на ресурсот „yotube.com”, се истакнува дека достапот до него е блокиран.

Претходно на 20-ти март турските власти го блокираа и пристапот до сервисот за микроблогирање Twitter. Ограничувањето на пристапот до Twitter беше воведено по серијата судски одлуки и барање од обвинителството на Турција. Посебно, една од одлуките се однесуваше на акаунтот „oyyokhirsiza” (на турски – не гласај за крадец), преку кој беше лиферувана информацијата , којашто според мислењето на судот, ги нарушувала правата на поранешниот министер за транспорт Бинали Јилдирим.

Од Twitter ја оспорија оваа одлука пред судот во Истанбул, кој во четвртокот ја отфрли жалбата поднесена од раководството на мрежата, со која се бараше укинување на забраната за пристап до сервисот. Барањето на Twitter е препратено во повисока судска инстанца.

Но и покрај блокирањето, турските корисници на Twittter коишто ги има околу 15 милиони, сепак се уште можат да ги користат услугите, откако во земјата беше овозможено слободно преземање на софтверот за фиксните и преносните уреди кој овозможува поврзување со Twitter преку заобиколувањето на серверите на провајдерите.