Мик Џегер е единствениот наследник на неговата девојка која си го одзема животот! Тој наследи 9 милиони долари!

popara27 март, 20141min00
mik-dzeger1-680x365

Според тестаментот, единствениот наследник на Лорен Скот го добива нејзиниот апартман во Њујорк во вредност од 8 милиони долари, како и накит, автомобили, мебел и други лични предмети во вредност од околу милион долари.

Во тестаментот било нагласено дека на соите роднини, братот и сестрата, Скот не им остава ниту цент, пишува порталот TMZ. Меѓутоа, не се наведува кога овој документ бил изготвен. Според законите на американската сојузна држава Њујорк, во случај на непостоење на тестамент, имотот на покојниот се дели меѓу неговите роднини.

На 18-ти март 49-годишната Лорен Скот изврши самоубиство во својот апартман во Њујорк, Во тоа време 70-годишниот Мик Џегер со бендот се наоѓаше на турнеја во Австралија. Во вторникот Скот беше погребена во Лос Анџелес.

Скот и Џегер беа во врска од 2001 година. Претходно Скот работеше како модел, а потоа како стилист и дизајнер. Таа ги дизајнираше костимите за многу познати филмови, како „Очи широко затворени” (Eyes Wide Shut) од 1999 година и „Тринаесеттемина на Оушн” (Ocean’s Thirteen) од 2007 година.

Последните години, Скот речиси целото време го посветуваше на сопствениот моден бренд „L’wren Scott” кој е популарен меѓу славните личности, како Никол Кидман, Анџелина Џоли, Сара Џесика Паркер и Опра Винфри. Облеката на Лорен Скот ја носеа и „првата дама” на САД, Мишел Обама, како и сопругата на поранешниот француски претседател Николас Саркози, и самата поранешна модел, актерка и пејачка – Карла Бруни.

И покрај тоа, во последно време финансиските ефекти од модниот бренд на Скот беа неуспешни. Според медиумите, Џегер платил 6,6 милиони долари за да ги покрие долговите на партнерката, но сепак кон крајот на 2013 година нејзината модна етикета сѐ уште беше во долгови во висина од околу 5,8 милиони долари. Овие финансиски тешкотии, според медиумите, се причина за самоубиството.