
Фотографиите се направени во црно-бела верзија и ја покажуваат Мерилин како крева тегови со мали тежини, прави стомачни, стои на раце и слично. Цело време додека вежба е многу сериозна, се до паузата кога се насмевнува на фотографот.
“Искрено, никогаш не сум ја сметала мојата фигура за посебна. Мојата најголема грижа беше да се најадам доволно, а сега се грижам за тоа да не јадам премногу. Никогаш не сум се замарала со вежбање, се до неодамна”, изјави еднаш познатата актерка.
Инаку, таа користела бизарни диети. За појадок би испила чаша топло млеко со свежи јајца, како и мултивитамин. За ручекот воопшто не зборувала, но затоа за вечера јадела протеини и свежи моркови.
Но, таа никогаш не се откажала од десертите. Нејзин обичај било да наврати после часовите за глума до слаткарницата “Wil Wright” и да изеде сладолед.
